Достапни линкови

logo-print

Франција бара итни мерки против тероризмот


Францускиот министер за вантрешни работи Бернард Казенев

Францускиот министер за вантрешни работи Бернард Казенев

Францускиот министер за вантрешни работи Бернард Казенев ја повика Европа да преземе итни мерки против теоризмот, бидејќи според него веќе било потрошено премногу време. Казенев ја даде изјавата пред разговорите со неговите колеги од земјите членки на ЕУ во Брисел по терористичките напади во Париз минатиот петок. Тој го повика блокот да ги заостри граничните контроли на патниците во шенген зоната и да се преземат мерки за усоврушување на системот за прибирање податоци на корисниците на авиосообраќајот.

XS
SM
MD
LG