Достапни линкови

logo-print

Напад на екстремисти во хотел во Мали


Бамако

Бамако

Вооружени лица упаднале во луксузен хотел во Бамако, главниот град на Мали каде што имало 170 гости и персонал. Се наведува дека станува збор за хотелот „Радисон“ каде што престојуваат главно странски гости. Новинските агенции јавуваат дека се слушале истрели и оти имало загинати. Напаѓачите во хотелот влегле со автомобил со дипломатски регистарски таблички. Северниот дел на Мали пред три години беше под контрола на Ал Каеда, а по воената интервенција предводена од Франција во почетокот на 2013 година екстремистите биле потиснати.

XS
SM
MD
LG