Достапни линкови

logo-print

ФБИ: нема закана за САД по нападите во Париз


Директорот на американското Федерално истражно биро ФБИ, Џејмс Комеј изјави дека нема веродостојна закана за терористички напад во Соединетите држави сличен на оние што милитанти на Исламската држава ги изведоа во Париз кога загинаа 129 луѓе, а над 350 беа ранети. Комеј зборуваше откако милитантите на Исламската држава објавија видео снимка во која се закануваат со самоубиствен бомбашки напад врз Белата куќа, како и со терористички напад во Њујорк. Поголемите западни градови се во состојба на висока тревога откако милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за париските напади.

XS
SM
MD
LG