Достапни линкови

logo-print

Во Шведска уапсено лице кое планирало терористички напад


Шведските власти соопштија дека уапсиле едно лице под сомневање дека планирало терористички напад. Станува збор за Ирачанецот Мутар Мутхана Маџид кој бил уапсен вчера во центарот за баратели на азил во североисточниот град Болиден. Потрагата по него траела два дена, но како што соопшти полицијата, неговото апсење не било поврзано со терористичките напади во Париз на 13 овој месец. Шведскиот премиер Стефан Лофвен им честиташе на безбедносните служби за апсењето на Маџид за кој се смета дека имал врски со екстремистичката организација Исламска држава.

XS
SM
MD
LG