Достапни линкови

logo-print

Грчкиот парламент ги одобри новите мерки за штедење


Парламентот на Грција ја одобри новата програма за штедење. За поддршка на пакетот гласаа 153 пратеници од владејачката коалиција, против беа 137 пратеници, а 10 воздржани. Двајца пратеници од таборот на владејачката коалиција гласаа во спротивност со ставот на нивните партии и беа исклучени од своите парламентарни групи. Едниот од СИРИЗА, а другиот од „Независни Грци“. Резултатот од гласањето го остава премиерот Алексис Ципрас со едвај 153 пратеници во 300-члениот парламент, два месеци по изборната победа. Програмата за штедење беше побарана од кредиторите од еврозоната во замена за доделување на 12 милијарди евра на Грција.

XS
SM
MD
LG