Достапни линкови

logo-print

Валс: Шенген зоната доведена под прашалник


Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека Шенген зоната ќе биде доведена под прашалник ако Европа не преземе соодветни мерки на границите. Тој ова го рече пред денешниот вонреден состанок во Брисел на министрите за внатрешни работи на Европската унија, свикан на барање на францускиот министер Бернар Казнев по терористичките напади во Париз во кои загинаа 129 луѓе. Францускиот премиер побара секоја земја која се граничи со неговата во целост да ја контролира границата. Франција и Белгија на денешниот состанок во Брисел ќе побараат и засилена контрола на надворешните граници и поостри закони за оружје. На министрите ќе им биде доставен документ со кој се бара брза ревизија на прописите во Шенген зоната со цел построга контрола на границите.

XS
SM
MD
LG