Достапни линкови

Туск в недела во посета на Македонија


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск викендов ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија. Туск посетата на трите балкански земји ќе ја започне на 21 ноември односно в сабота кога ќе оствари средба со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград. Туск наредниот ден, како што е наведено на веб страната на Европскиот совет, рано наутро ќе сретне со албанскиот премиерот Еди Рама, по што ќе отпатува за Скопје каде истиот ден ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

XS
SM
MD
LG