Достапни линкови

Абауд инволвиран и во други терористички напади


Абделхамид Абауд

Абделхамид Абауд

Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казенев изјави денеска дека Абделхамид Абауд бил осомничен за инволвираност и во други терористички напади. Според него, истрагата за нападите во Париз на 13 ноември ќе покаже прецизно која била улогата на Абауд. Француското обвинителство претходно соопшти дека Абауд, кој беше осомничен дека ги организирал нападите во Париз бил убиен за време на полициската акција во предградието Сен Дени.

Францускиот Парламент во меѓувреме го усвои предлогот за продолжување на вонредната состојба во наредните три месеци по нападите во кои загинаа 129 луѓе. Продолжувањето на вонредната состојба веднаш ќе стапи на сила откако биде одобрено од францускиот Сенат. Белгиската полиција соопшти дека извршила 9 рации и уапсила девет лица, кои се осомничени дека се поврзани со нападите во Париз.

XS
SM
MD
LG