Достапни линкови

logo-print

Тачи-Опозицијата нема да го уништи Косово


Косовскиот вицепремиер, Хашим Тачи

Косовскиот вицепремиер, Хашим Тачи

Косовскиот вицепремиер, Хашим Тачи денеска изјави дека власта нема да се откаже и дека не постои цена поради која граѓаните и државните институции ќе и дозволат на група „насилни опозиционери да ја уништат државата“. Според Тачи, протестите на опозицијата против договорот за формирање Заедница на српски општини и демаркација со Црна Гора е со цел да „купат време за пронаоѓање на уште насилни лица бидејќи нивните редови се проретчуваат“.

Тачи наведе дека целиот демократски свет го осудува насилството и насилните методи на опозицијата. Косовската опозиција најави нов протест на 28 ноември кога во Албанија се слави Денот на државноста.

XS
SM
MD
LG