Достапни линкови

Хрватска ќе прима само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан


Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ денеска изјави дека Хрватска ќе одобри преминување преку нејзина територија само на бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан. Словенија се обидува во Хрватска да врати 162 мигранти од Мароко, Бангладеш, Шри Ланка и Либерија, каде нема војни, но Хрватска одбива да ги прими и тие се уште се наоѓаат на словенечка територија. И Словенија го запре прифаќањето на економски мигранти, туку само на бегалци кои влегуваат во земјата од територијата на Хрватска.

XS
SM
MD
LG