Достапни линкови

Ердоган апелира на здрав разум по нападите во Париз


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека нападите во Париз покренале бран на омраза кон муслиманите и бегалците во Европа. Тој побара од европските лидери да апелираат на „здрав разум“ во своите земји. Според него, извештаите за напади врз муслиманите и „заострените мерки“ кон бегалците по нападите во Париз, само ќе придонесат за „продлабочување на трагедијата“. Расизмот заедно со омразата кон Исламот, како што наведе Ердоган е најголемо зло и опасност.

XS
SM
MD
LG