Достапни линкови

Убиени 160 руски милитанти кои се бореле во Сирија


Рускиот заменик министер за надворешни работи Олег Сиромолотов изјави денеска дека 160 руски државјани кои се бореле на страната на Исламската држава биле убиени во Сирија. Според него, од 2700 руски државјани кои се борат во Сирија, 73 кои се вратиле во својата земја биле осудени, а 36 се наоѓаат во домашен притвор. Тој информира и дека над 25 илјади платеници се борат за Исалмската држава. Тие, како што наведе, потекнуваат од арапските земји, Европа, Русија и поранешниот Советски сојуз.

XS
SM
MD
LG