Достапни линкови

logo-print

Македонија не дозволува влез на мигрантите кои не бегаат од војна


Прифатен центар за мигранти на македонско-грчката граница кај Гевгелија.

Прифатен центар за мигранти на македонско-грчката граница кај Гевгелија.

Од дивиот премин кај Гевгелија на македонско-грчката граница во Грција се вратени 52 мигранти, а 89 се пред прифатниот центар на македонска територија, но не им се дозволува влез во земјата, информираат активисти на УНХЦР во Гевгелија.

Тие велат дека македонската влада донесла одлука, според која им се дозволува влез во земјава само на бегалците кои доаѓаат од воени подрачја, односно од Сирија, Ирак и од Авганистан.

Останатите мора да влезат во земјава по легален пат.

XS
SM
MD
LG