Достапни линкови

Милитанти на ИД егзекутирале двајца заложници


Милитантната организација Исламска држава објави дека егзекутирала двајца заложници, Норвежанецот Оле Јохан Гримсгард Офстад и КинезотФан Џингуи. Не се соопштени детали кога, каде и како тие биле убиени. Премиерката на Норвешка Ерна Солберг изјави дека станува збор за варварски акт. Кинеското министерство за надворешни работи пак оцени дека оваа терористичка организација е под секое човечко достоинство.

XS
SM
MD
LG