Достапни линкови

logo-print

Десет курдски бунтовници и двајца цивили убиени во Турција


Десет бунтовници од Курдската работничка партија и двајца цивили биле убиени во борбите меѓу курдските бунтовници и турските сили за безбедност во југоисточна Турција. Турските сили за безбедност во минатата недела презедоа операции во градот Нусајбин, на турско сириската граница, убивајќи 10 бунтовници од ПКК, се посочува во денешното соопштение на валијата во Мардин. Притоа биле убиени и двајца цивили, а уште 13 се ранети, се наведува во соопштението, без да се прецизира која е причината за жртвите.

XS
SM
MD
LG