Достапни линкови

Идентификација на убиените во полициската акција во Париз


F

F

Француската полиција работи на идентификување на телата на жената која се самоуби со бомба и на човекот кој беше убиен во престрелка со полицијата во северното париско предградие Сен Дени во рамките на истрагата за организаторот на терористичките напади во минатиот петок во Париз. Полициски извори соопштија дека цел на акцијата бил Абделхамид Абауд за кој постои сомневање дека стоел зад петочните напади во кои загинаа 129 луѓе, додека над 350 беа ранети. Во акцијата биле уапсени осум лица, но меѓу нив не бил Абауд.

XS
SM
MD
LG