Достапни линкови

Назарбаев за подмладување на функционерите во Казахстан


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изјави денеска дека актуелните преставници на власта мора да ги подготват нивните наследници на функциите. Говорејќи на седница на кабинетот во Астана тој нагласи дека многу од владините претставници биле на функцијата повеќе од 25 години.

Според него, никој не сака да ја напушти својата функција, но понекогаш е време за промена. Тоа, како што наведе Назарбаев е за доброто на сите. Не е јасно дали изјавата на Назарбаев се однесува и за него, бидејќи тој е претседател на земјата од 1989 година.

XS
SM
MD
LG