Достапни линкови

Русија бара единствен став за кризата во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија соопшти дека Западот треба да прекине со барањата за политичко решение на кризата во Сирија доколку вистински сака меѓународна коалиција против Исламската држава. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема сомнеж оти е неприфатливо да се бараат предуслови за здружување на силите во борбата против тероризмот. Според него, имало промена во позициите на Западот по терористичките напади во Париз и бомбашкиот напад на рускиот авион во Египет. Исламската држава ја презема одговорноста за двата напади.

XS
SM
MD
LG