Достапни линкови

Убиени 33 милитанти во Сирија


Сириската организација за човекови права соопшти дека 33 милитанти на Исламската држава биле убиени, адесетици повредени во градот Рака во изминатите три дена. Според организацијата, припадници на Исламската држава и нивните семејства започнале да го напуштаат градот Мосул во северен Ирак. Мосул, како и Рака беа засолниште на милитантите. Франција започна воздушни напади врз Рака по терористичките напади во Париз.

XS
SM
MD
LG