Достапни линкови

Граната во дворот на Уставниот суд во Косово


Уставниот суд во Косово

Уставниот суд во Косово

Во дворот на косовскиот Уставен суд, кој се наоѓа во центарот на Приштина денеска била фрлена рачна граната. Гранатата била уништена со контролирана експлозија. Уставниот суд кој е близу зградата на Владата е под полициски надзор. На местото на инцидентот се и лица задолжени за деактивирање експлозивни направи.

Вчера опозициските пратеници фрлија солзавец во Парламентот. Пред зградата на Парламентот демонстрантите се судрија со полицијата. Тие се противат на договорот со Србија со кој на Српските заедници на Косово им се даваат поголеми овластувања.

XS
SM
MD
LG