Достапни линкови

logo-print

Во полициската акција во Париз уапсени 7 лица


Акцијата на француската полиција во Париз

Акцијата на француската полиција во Париз

Француската полиција за време на денешната рација уапсила 7 лица. Според полициски извори, целта на акцијата бил главниот организатор на терористичките напади во Париз, Абделхамид Абауд од Белгија. Во акцијата во предградието Сен Дени биле повредени и пет полицајци, еден од осомничените бил убиен, а една жена се самоубила со активирање бомба. Во нападите во Париз на 13 ноември загинаа 129 луѓе, а повеќе од 350 беа повредени. Исламската држава презема одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG