Достапни линкови

logo-print

Полициска акција во Париз, двајца загинати


Француската специјална полиција која од изутрината во предградието Сен Дени е во акција по осомничени за нападите на 13 ноември во Париз кога загинаа 129 луѓе, а 350 беа повредени соопшти, како што јави новинската агенција Франс прес, дека загинале две лица, вклучувајќи и една жена која се самоубила со активирање бомба. Се наведува дека во еден стан во ова предградие се наоѓале неколку луѓе, меѓу кои и главниот организатор на терористичките напади во Париз Абделхамид Абауд од Белгија. Во меѓувреме, во Сен Дени, како што јавуваат новинските агенции, денеска билераспоредени и 50 француски војници.

XS
SM
MD
LG