Достапни линкови

Обама ја пофали руската улога во разговорите за Сирија


Американскиот претседател Барак Обама ја пофали улогата на Русија во разговорите во Виена за ставање крај на конфликтот во Сирија. Тој додаде дека би сакал Москва да ја смени својата политика на поддржувач на сирискиот режим и повеќе да се насочи кон борбата против милитантите на Исламската држава. Зборувајќи на прес конференција во Манила, Обама изјави дека се уште постојат разлики со Русија околу судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Но, како што додаде, Русија била конструктивен партнер во Виена во обидот да се креира политичка транзиција во Сирија.

XS
SM
MD
LG