Достапни линкови

Во бомбашки напад во Нигерија загинаа над 30 луѓе


Бомбаш самоубиец активирал експлозив во една железничка станица во Нигерија при што загинале над 30 луѓе додека 80 други биле ранети. За овој напад властите ги обвинуваат екстремистите на Боко Харам. Пред три недели во бомбашки напади во Нигерија беа убиени четирисетина луѓе. До сегашниот напад дојде само неколку дена откако претседателот Мухамаду Бухари соопшти дека Боко Харам наскоро ќе биде поразен. Околу 20 илјади загинаа во шестгодишната борба со исламистите во таа земја.

XS
SM
MD
LG