Достапни линкови

logo-print

Остојиќ: Хрватска ќе ги затвори границите за бегалци


Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека неговата земја ќе ги затвори границите за имигранти, ако Германија ги затвори нејзините. Според него, Германија прима околу 6.500 лица на ден, што го прави протокот преку Балканот генерално мирен. На Балканот постои стравување дека Австрија и Словенија можат да го ограничат бегалскиот проток по терористичките напади во Париз на 13 ноември, што би блокирало десетици илјади луѓе во земјите од регионот. Повеќето имигранти бараат само да преминат и да дојдат до Германија. Стравувањата за затворање на границите на ЕУ се зголемија, откако француските иследници утврдија дека еден од терористите во Париз преминал преку балканската маршрута на бегалци во октомври.

XS
SM
MD
LG