Достапни линкови

Престрелка во предградие на Париз


Во текот на полициската истрага во врска со терористичките напади во Париз на 13 ноември кога загинаа 129 луѓе, а над 350 беа ранети, изутрината во париското предградие Сен Дени дошло до престрелка. Притоа, според извештаите, имало и ранети полицајци. Француската полиција е во потрага по второ лице за кое се верува дека избегало по нападите. Француските власти претходно соопштија дека најмалку осум луѓе биле директно вклучени во крвопролевањето, шестмина од нив се самоубиле со експлозив, еден загина во престрелка со полицијата и еден успеал да побегне во Белгија. Сега се верува дека имало уште еден напаѓач. Станува збор за Абделхамид Абауд, 27 годишен Белгијанец со потекло од Мароко за кој се смета дека бил главен организатор и кој бил во Сирија во територија што е под контрола на милитантите на Исламската држава. Во меѓувреме продолжуваат интензивните воздушни напади на Франција и Русија врз позиции на милитантите во Сирија.

XS
SM
MD
LG