Достапни линкови

Откажан натпреварот Германија - Холандија поради закана од тероризам


Откажан е пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Германија и Холандија кој требаше да се одржи во германскиот град Хановер бидејќи властите имале „конкретни информации“ за закана од бомба. Германската новинска агенција ДПА пренесува изјава на шефот на локалната полиција кој вели дека имале информации за бомбашки напад.

Полицијата ги евакуираше присутните на стадионот пред почекот на натпреварот. Високи владини претставници, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел, требаше да присуствуваат на натпреварот за да испратат сигнал дека Германија нема да се покори пред тероризмот по нападите во Париз.

За време на нападите во Париз се играше пријателски натпревар меѓу Германија и Франција на Стад де Франс, а еден од нападите се случи во близина на стадионот каде тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа, при што загина иеден случаен минувач.

XS
SM
MD
LG