Достапни линкови

Египет ќе соработува со Русија во борбата против тероризмот


Остатоци од рускиот авион кој се урна во Египет.

Остатоци од рускиот авион кој се урна во Египет.

Египетските власти соопштија дека ќе соработуваат со Русија во борбата против тероризмот. Според властите, допрва треба да се најдат докази оти криминално дело било причината за уривањето на рускиот авион.

Шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников претходно изјави дека уривањето на рускиот авион на 31 октомври во Египет било резултат на терористички напад. Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе бидат пронајдени и казнети оние што стојат зад нападот во кој загинаа 224 луѓе. Путин најави дека Русија ќе ги интензивира руските воздушни напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG