Достапни линкови

logo-print

Уапсени 3 осомничени за воени злосторства во Босна


Босанските власти соопштија денеска дека уапсиле три лица осомничени дека извршиле воени злосторства против босанските Срби за време на војната меѓу 1992-1995 година. Според обвинителството, уапсен е полицаецот Есеф Хуриќ и адвокатот Ибро Маркез. Тие се осомничени дека држеле затворени околу 100 Срби од источниот град Горажде. Во одделен случај уапсен е и Ахмет Сејдиќ под сомнение за нелегално затворање, изнуда, тортура и нехуман третман на десетици српски цивили и затвореници за време на војната.

XS
SM
MD
LG