Достапни линкови

Јеменскиот претседател се врати во земјата


Јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади

Јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади

Јеменски претседател Абд Рабу Мансур Хади кој беше принуден да ја напушти земјата се вратил во јужниот град Аден. Тоа е втора посета на Хади на Јемен откако пребега во Саудиска Арабија при крајот на март годинава поради офанзивата на шиитските бунтовници Хути и нивните сојузници.

Според властите, тој престојува во претседателската палата во Аден со цел да ја надгледува воената офанзива за преземање на контролата врз покраината Таез. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушна кампања по која следеше и копнената офанзива против Хутите во земјата. Најмалку 5600 луѓе загинаа во борбите.

XS
SM
MD
LG