Достапни линкови

Формирана Анкетната комисија за прислушувањето


Собранието денеска со 81 глас „за“, двајца против и еден воздржан ја изгласа одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето. Анкетната комисија брои 16 членови, осум предложени од ВМРО ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден од редовите на независните пратеници. Претседател е Петре Шилегов, а негов заменик Горан Мисовски. Анкетната комисија се формираше согласно Договорот од Пржино за надминување на политичката криза и до крајот на јануари во наредната година треба да поднесе извештај.

XS
SM
MD
LG