Достапни линкови

Во железничка несреќа во Пакистан загинаа 12 луѓе


Повредено лице од железничката несреќа во Пакистан.

Повредено лице од железничката несреќа во Пакистан.

Најмалку 12 луѓе загинале, а 70 биле повредени кога воз кој превезувал 300 патници излетал од шините во планинскиот дел на југозападен Пакистан. Министерот за внатрешни работи на покраината Балучистан Сарфраз Бугти изјави дека несреќата се случила во реонот Болан откако откажале сопирачките на возот. Возот патувал од Куета до Равалпинди.

XS
SM
MD
LG