Достапни линкови

logo-print

Судири и солзавец во косовскиот Парламент


Еден од пратениците на Самоопределување, Албин Курти денеска се судрил со безбедносните служби во косовското Собрание. До судирите дошло кога Курти употребил бибер-спреј кон обезбедувањето и министри од владата на Косово. Опозицијата претходно фрли и солзавец во Собранието по што беше прекината седницата на која требаше да се разгледува Нацрт законот за буџет за 2016.

Тоа е четврти по ред инцидент во рок од два ипол месеци откако опозицијата ја блокира работата на парламентот. Од опозицијата бараат откажување од Договорот за заедници на српските општини како и демаркација на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG