Достапни линкови

Кери и Оланд се согласиле на поголема соработка


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери по денешната средба со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз изјави дека нивото на соработка меѓу двете земји не може да биде повисоко. Тие се согласиле да разменат информации и како што наведе Кери, убеден е оти Исламската држава во наредните недели ќе се соочи со голем притисок. Оланд се очекува да отпатува за Вашингтон во наредната недела каде со американскиот претседател Барак Обама ќе разговара за натамошна соработка во борбата против тероризмот и кризата во Сирија.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казанев изјави денеска дека 115 илјади припадници на безбедносните сили биле мобилизирани низ земјата по смртоносните напади во Париз. Според него, синоќа биле спроведени над 128 рации против осомничени милитанти.

XS
SM
MD
LG