Достапни линкови

Франција распореди носач на авиони во источен Медитеран


Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд нареди распоредување на носачот на авиони на нуклеарен погон „Шарл де Гол“ во источниот дел на Медитеранот со цел интензивирање на воздушните напади врз милитантите на Исламската држава во Сирија по терористичкиот напад во Париз во минатата недела кога загинаа над 130 луѓе. Оланд исто така изјави дека Соединетите држави и Русија би требало да ги остават настрана нивните разлики и да им се приклучат на силите кои се борат против милитантите на Исламската држава. „Франција е во војна против џихадистички тероризам кој претставува закана за целиот свет“, изјави Оланд. Во меѓувреме во Франција продолжува потрагата по осомничени исламистички екстремисти.

XS
SM
MD
LG