Достапни линкови

Продолжува собраниската расправа за буџетот


Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог буџет за 2016 година. Во досегашниот тек на расправата дел од пратениците, главно од СДСМ го критикуваа буџет за следната година оценувајќи го за нереален, неразвоен и нетранспарентен. Пратениците од владејачката ВМРО ДПМНЕ пак, беа со оценка дека станува збор за инвестициски буџет. Расправата за Дополнетиот предлог на буџетот за следната година, според собранискиот деловник, трае пет дена.

XS
SM
MD
LG