Достапни линкови

Путин и Ердоган разговарале за кризата во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има зближување на позициите со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган околу неопходноста од политичко решение на сириската криза како единствена варијанта. Тој по завршувањето на самитот на Г-20 во Анталија нагласи дека со Ердоган разговарале за билатералните односи и за сириската криза.

Според него, возможно е да најдат заеднички точки, кои ќе им дадат можност да постигнат заеднички успех. Путин истакна дека Ердоган директно му кажал оти сириската криза може да биде решена само со политички средства. Нужно е, како што наведе тој да се создадат услови за придвижување на политичкиот процес.

XS
SM
MD
LG