Достапни линкови

Масовен прекин на интернет во Азербејџан


Масовен прекин во пристапот до интернет се случил денеска во Азербејџан со што било нарушено функционирањето на поранешната советска република богата со нафта. Министерството за комуникации и информатички технологии соопшти дека прекинот бил предизвикан од пожар во најголемиот интернет провајдер во земјата Делта Телеком. Според министерството, пожарот бил изгаснат и биле вклучени алтернативни интернет провајдери. Но, се уште во некои делови од земјата жителите немаат пристап до интернет.

XS
SM
MD
LG