Достапни линкови

Оланд бара продолжување на вонредната состојба во Франција


Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика законодавците да ја продолжат вонредната состојба во земјата за три месеци по терористичките напади во Париз. Говорејќи во Парламентот тој изјави дека за таа цел за два дена ќе биде изготвен предлог закон и при тоа побара од пратениците истиот да го усвојат.

Оланд нагласи и дека е потребна широка коалиција за борбата во Сирија. Тој исто така инфромираше и дека во наредните денови ќе се сретне со американскиот и рускиот претседател, Барак Обама и Владимир Путин за да разговара за прашањето.

XS
SM
MD
LG