Достапни линкови

logo-print

Украина се закани со нови мерки против бунтовниците


Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Украинската војска соопшти дека ќе биде принудена на борбената линија да ја врати артилеријата и минофрлачите доколку ескалираат тензиите во источниот дел на земјата. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко ја даде изјавата откако во последните недели се засилени борбите меѓу украинските сили и проруските бунтовници.

Шест украински војници загинаа во близина на Доњецк по примирјето во септември. Претседателот Петро Порошенко изјави дека издал наредбата да се отвори оган доколку животот на војниците е под закана.

XS
SM
MD
LG