Достапни линкови

Лидерите на Г20 со значајни чекори против тероризмот


Лидерите на земјите членки на Г20 во Турција.

Лидерите на земјите членки на Г20 во Турција.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека светските лидери се согласиле на значајни чекори со цел да се прекине финансирањето на терористички групи по смртоносните напади во Париз. Тој на маргините на самитот на Г20 во Турција нагласи дека лидерите се заложиле да се спротистават на екстремистичката идеологија и терористичка пропаганда и подобро да се заштитат од заканите кои доаѓаат од странски борци преку делење на разузнавачки информации.

Според него, земјите мора да ги обединат напорите во борбата против зло како тероризмот. Камерон истака и дека се уште има големи разлики меѓу западните сили и Русија за тоа кој е најдобриот начин да се стави крај на конфликтот во Сирија, но оти имало и волја за компромис од двете страни.

XS
SM
MD
LG