Достапни линкови

Собранието одобри избор на нови членови на ДИК


Собранието на Македонија денеска донесе одлука за распишување оглас за нови членови на Државната изборна комисија. Измените на Изборниот законик што беa донесени како резултат на разговорите во рамки на договорот од Пржино предвидуваат зголемување на бројот на членовите на ДИК.

Отсега ДИК ќе биде составена од девет членови односно претседател и потпретседател и седум членови. По тројца членови предлагаат политичките партии од власта и од опозиција, а останатите тројца се бираат од редот на пријавените. Претседателот или потпретседателот на ДИК, според новите измени на Изборниот законик, треба да е од редот на припадниците на најголемата немнозинска заедница.

XS
SM
MD
LG