Достапни линкови

Иванов-На светот му е потребно УНЕСКО


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави денеска дека повеќе од кога и да е порано, на светот денес му е потребно УНЕСКО. Според него, трагедијата во Париз потсетила колку и Европа е ранлива на глобалниот непоредок. Иванов, кој денеска учествува на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, на тема „70 години УНЕСКО - мир и одржлив развој во сложен свет“ истакна дека токму тој непоредок е првиот предизвик за УНЕСКО.

Нема да им дозволиме на терористите да ни ги одземат мирот, слободата и правдата, порача Иванов. Тој додаде и дека вториот предизвик со кој се соочува УНЕСКО е недостигот од заслужената и неопходна финансиска и политичка поддршка.

XS
SM
MD
LG