Достапни линкови

logo-print

Само собраниска дебата не го прави буџетот транспарентен


Власта предлага повеќе пари за капиталните инвестиции и за социјално ранливи категории. Опозицијата вели дека буџетот е нереален, неразвоен и предизборен. Од предложени 414 амандамни беа прифатени само четири. ЕК забележува дека не е осигурана транспарентноста на буџетот.

Најголемиот буџет во историјата на Македонија пред пратениците. Предвидено е државните институции догодина да потрошат 3,18 милијарди евра. Според планираното, од даноци и други давачки треба да се соберат 2,87 милиони евра, другите 300 милиони евра да се обезбедат од задолжување.

Многу е важен и квалитетот на извештаите кои се прават и од други државни институции, а поврзани со државните финансии, дали тие се вистините или штелувани за покажување на некоја розова слика во државата.

Според власта, Буџетот за следната година има три значајни карактеристики - намалување на буџетскиот дефицит на 3,2 отсто, зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на грижата за социјално ранливите категории. Опозицијата, пак, забележува дека и овој буџет е нереален, неразвоен и предизборен.

Пратениците имаа десет дена во собраниските комисии да го разгледаат предлог буџетот. На предложениот текст беа доставени 417 амандмани, но од нив беа разгледани 92, од кои само четири беа прифатени. Новиот текст е надополнет со измени кои се однесуваат на локални проблеми и еден се однесува на Собранието, за обезбедување средства за асистенти по пратенички групи.

Во годинашниот извештај на ЕК за Македонија, пак, во делот за економијата, на земјата и се забележува за брзото темпо на задолжувањата, продлабочувањето на буџетскиот дефицит поради зголемените трошоци за плати и пензии, транспарентноста за висината на јавниот долг, на буџетот, како и владиното влијание врз конкурентноста на приватниот сектор.

Комисијата предлага Буџетот повеќе да биде настроен кој повисок раст и создавање на работни места, како и да се подобри реализацијата и неговата транспарентност. Во заклучоците, пак, се предлага да се усвои стратегија и реформи во финансиското управување со кои ќе се идентификуваат слабостите, меѓу кои и транспарентноста на буџетот. Понатаму се наведува дека не е осигурана транспарентноста на буџетот, односно не се јавно достапни целосни, навремени и темелни информации за буџетот. Се забележува и дека фискалната стратегија 2015 – 2017 и буџетот за 2015 се усвоени без адекватна парламентарна расправа.

Економскиот аналитичар и поранешен пратеник Слободан Најдовски вели дека недостасува јавна дебата за буџетот на која предлагачот ќе се соочи со експертите, со познавачите, со години недостасува медиумско соочување меѓу власта и опозицијата на оваа тема и сè се сведува на дебатата во Собранието, која според Најдовски повеќе личи на исполнување на формалности, отколку на суштинска дебата. Но, транспарентноста на буџетот не го сочинува само неговото носење, додава Најдовски.

„Тука пред сè мислам на вистинските информации за јавниот долг, за состојбата на социјалните фондови, за состојбата на девизните резерви. Многу е важен и квалитетот на извештаите кои се прават и од други државни институции, а поврзани со државните финансии, дали тие се вистините или штелувани за покажување на некоја розова слика во државата“, вели тој.

Во буџетот е предвидено растот на економијата да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти. Народната банка, пак, за догодина очекува растот да биде 3,5 отсто.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG