Достапни линкови

Втор круг локални избори во Украина


Во Украина денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Според изборните власти, излезноста на гласањето досега е 34 проценти. Прелиминарните резултати покажуваат дека Витали Кличко ќе биде реизбран за градоначалник на главниот град Киев.

Гласањето по првиот круг покажа оти владата на претседателот Петро Порошенко ќе ја задржи доминантната позиција во западниот и централниот дел на земјата. Но, во северниот и источниот дел гласовите се во корист на опозицискиот блок, кој беше формиран од некои припадници на партијата на поранешниот проруски претседател Виктор Јанукович.

XS
SM
MD
LG