Достапни линкови

logo-print

Одложен изборот на членови на комисијата за прислушувањето


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го одложи утврдувањето на предлог одлуката за избор на членови на Анкетната комисија за прислушувањето. Претседателот на комисијата, Зоран Илиоски информираше дека прашањето ќе биде поставено на дневен ред кога до него ќе стасаат предлозите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. До Илиоски предлози доставиле само пратеничките групи на ДУИ и на СДСМ и опозицијата, како што било договорено во четвртокот.

XS
SM
MD
LG