Достапни линкови

Мултиетничките проекти – потреба на времето


Тријазична театарска претстава Антигона.

Тријазична театарска претстава Антигона.

Млади од Дебар и францускиот град Иф ја изведоа тријазичната драма „Антигона“, која беше реализирана на македонски, албански и француски јазик, во Центарот за култура во Дебар.

Во општините во кои се говори на повеќе јазици има потреба од повеќе мултиетнички проекти. Без разлика на одредени негативни погледи за соживотот кои пред сè доаѓаат од политички кругови, заедничките проекти се многу прифатени и интересни за младите.

Суштина на овој проект е дружење на младите од различни ентитети од Македонија и Франција. Ова е прв пат да се реализира една мултуеничка драма на три јазици. Иницијативата е однадвор, но сепак тоа е добро и ете младите се дружат и творат заедно.

Тријазичната драма „Антигона“, која беше реализирана на македонски, албански и француски јазик, со млади од Дебар и францускиот град Иф, во Центарот за култура во Дебар, беше бурно поздравена од страна на публиката. Овој проект на програмата Еразмус плус на Европската комисија покажа дека младите сакаат да творат и бидат заедно.

„Суштина на овој проект е дружење на младите од различни ентитети од Македонија и Франција. Ова е прв пат да се реализира една мултуеничка драма на три јазици. Иницијативата е однадвор, но сепак тоа е добро и ете младите се дружат и творат заедно. Бевме на подготовки во Франција повеќе од две недели и сега ете драмата се промовира во Дебар“, вели Џевит Мифтароски, координатор на младите актери од дебарската гимназија „Здравко Чочковски“.

Младите учесници во драмата се задоволни од можноста што им е дадена за да играат во мултиетничка драма.

„Денеска се случи премиерата на драмата Антигона, во која имавме можност на повеќе јазици да се изразуваме, со цел развивање на мултиетничкиот живот и развивање на соработката помеѓу Македонија и Франција. Сите сме задоволни од оваа драма и наше учество во неа. Ова е втора етапа од проектот Еразмус плус од соработката Дебар-Иф“, вели Милан Димитриевски.

Слично е и мислењето на Бена Крлуку, која беше актерка на албански јазик.

„Големо е задоволство што бевме учесници во овој проект. Драмата беше многу успешна. Убаво е да се игра во драма на повеќе јазици, се дружевме, се запознаваме и творевме. Бевме во Франција и сега промовираме претстава во Дебар, тоа е прекрасно“, вели таа.

Задоволство од успешноста на тријазичната драма искажува и режисерката на драмата „Антигона“, Фабиен Конхен од Франција, која вели дека ова е прв пат таа како режисер да режира драмска претстава на три јазици.

„Многу сум задоволна што овие млади играа заедно во оваа драмска претстава. Тие се млади, но сепак прикажаа добра претстава. Прв пат и јас режирам претстава на три јазици. Ова е мултиетничка драма и истата ја оценува како мошне успешна. Таа даде прилика сите да се заедно“, вели таа.

Инаку драмската претстава „Антигона“ со младите актери од Дебар и Иф, ќе учествува и на Балканскиот театарски фестивал и организаторите веруваат во добар успех. Проектот се реализира во рамките на соработката помеѓу Македонија и Франција преку соработката на општините Дебар и Иф. Двете општини повеќе од три години реализираат плодна соработка во повеќе сфери. Раководствата на двете општини најавуваат и продлабочување на оваа соработка.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG