Достапни линкови

Напладне минута молк во Скопје за жртвите во Париз


Амбасадата на Франција во Македонија денеска отвори книга на жалост за да им се оддаде почит на жртвите од терористичките напади во Париз.

Книгата ќе биде отворена од денеска до 18 ноември, од 10:00 до 13:00 часот во Амбасадата на Франција во Скопје.

Во Франција и во повеќе други земји денеска во 12:00 часот ќе се одржи едноминутно молчење во чест на настраданите во Париз. Амбасадата на Франција во Скопје се приклучува кон тој молк и ги поканува сите да се придружат.

XS
SM
MD
LG