Достапни линкови

logo-print

Валс: можни нови терористички напади


Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека Франција и други европски земји во наредните неколку денови или недели би можело да очекуваат нови терористички напади. „Знаеме дека операции се подготвуваат и натаму и тоа не само против Франција, туку и против другите европски земји“, изјави Валс за радиото РТЛ. Тој додаде дека нападите на 13 ноември во Париз биле организирани и подготвени во Сирија. Во нападите загинале над 130 луѓе, а над 350 биле ранети.

XS
SM
MD
LG