Достапни линкови

Г20 ќе се бори против протокот на странски терористи


Високи претставници на државите членки на Г20 најразвиени земји соопштија дека ќе преземат построги мерки против циркулацијата на странски терористи. Тука ќе бидат вклучени и мерки за поцврста контрола на границите, како и интензивирање на воздушната безбедност. Според нацрт документот кој треба да биде усвоен на самитот на Г20 во Анталија, Турција, се предвидува размена на оперативни информации, надзор на границите за регистрирање на движењата, превентивни мерки и соодветни судски постапки. Во документот се осудуваат, како што се наведува, „гнасните напади во Париз и во Анкара“, но притоа не се посочува ниту една терористичка група или организација.

XS
SM
MD
LG